Веројатно се сеќавате на рекламното видео на Викторија Лоба кое беше дел од рекламната кампања на македонскиот бренд за долна облека и ноќници?! Иако рекламно, видеото беше полно со еротски набој и страст, подразголени, скокотливи сцени… па покрај својот маркетиншки ефект, ја подигна популарноста ( и веројатно продажбата) и на брендот и на пејачката.
Деновиве се појави нова видеоприказна, само што брендот е различен како и главниот лик во видеото.
И овој пат е гардероба на македонски производител или поточно креатор во прашање, само што неа не ја рекламира позната музичка ѕвезда, туку позната македонска ТВ водителка. Таму беше Лоба, овде е Миа Костова.
Амбиентот сличен… еротскиот набој присутен до болка, страста извира од секој кадар, ама приказната е поинаква… зимска, снежна. Или поточно ледена.
Во неа Миа Костова во неколку кадри разголена го покажува сиот свој телесен раскош, но и целиот свој шарм, заводливост и провокација… во кои има доволно возбуда, но уште повеќе убавина… Нејзина, како и на она што го носи на неа. Вистинска ледена Драма, во која „бакнежот на мразот“ се претвора во повеќе од обична колекција.
„Kiss of Ice“ – инспирирана од чистината и природната убавина на македонските планини, промовирана преку снежно-бисерно белата убавина… На колекцијата и нејзиниот промотер. Видеоконцепт зад кој стои истиот човек од првата приказна… Онаа со Викторија Лоба – режисерот Дарко Митев!
„Љубов ми се… И јас нивна“ – напишала Миа покрај видеото кое можете да го погледнте во продолжение: