Кон средината на 2017 година, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе својата прва ќеркичка Искра.
Меѓутоа, пред 9 девет месеци, Скендеровски повторно остана бремена и овие радосни ги сподели преку социјалните мрежи истакнувајќи дека со радост го очукуваат новиот член на семејството.
Нивната радост вчера се зголеми кога Бојана и нејзиниот сопруг повторно станаа родители, а нејзината ќерка доби братче.
Овие убави вести водителката и пејачката ги сподели на својот „Фејсбук“ профил.
Како име за својот наследник таа го одбра Ѓорѓи, а во описот на објавата напиша:
„Добредојде Ѓорѓи, те сакам“, напиша на Фесјбук, а под објавата се нижеа само честитки и убави желби.
Веруваме дека родителите и Искра ќе уживаат во новата љубов и новиот член на семејството, па секој миг ќе го користат да го исполнат со среќа и љубов.