Пејачката Сека Алексиќ со години се бори со прекумерната тежина, но откако влезе во брак со Вељко Пиљикиќ, кој некогаш се занимавал со професионален кик-бокс, таа ги промени навиките, па теретаната стана составен дел од нејзиниот живот.
Сепак, се чини дека фолкерката се ’ уште има наслаги на сало во стомакот, кој се обидува да го сокрие.
Сека пред две вечери настапуваше во една дискотека во Подгорица, а пред концертот беше поставена на Инстаграм фотографија на која таа е облечена во истиот тој тесен, припиен, розев фустан, во кој нејзиното тело изгледа совршено.
Но, гостите на клубот во текот на постирањето на своите фотографии и видео снимки ја открија „измамата“, која јасно покажува дека Сека сепак има прекумерна тежина во пределот на стомакот. По споредбата на двете фотографии јасно се гледа дека пејачката користела фотошоп на фотографијата објавена пред концертот.