Радио Милева тие пеат, таа дразни...

Карлеуша на „Влез“ речиси гола: Дивата без гаќички, Македонците без комплекси со неа на сцената (ФОТО+ВИДЕО)

Карлеуша на „Влез“ речиси гола: Дивата без гаќички, Македонците без комплекси со неа на сцената (ФОТО+ВИДЕО)

Јелена Карлеуша вчеравечер имаше свое шоу  на нововостановениот фестивал „Улаз“ (Влез) во Белград. Токму за оваа прилика фолк дивата реши на присутните да им приреди уште еден шок. Избрајќи ултрапровокативен костим, Јелена се појави на сцената речиси гола. Навидум се’ покриено, а всушност со секое движење многу тоа може да се види… Особено, зашто дивата има што да покаже.

Особено што под белиот костим  беше јасно дека Карлеуша гаќичките ги оставила дома.

Со неа на сцената меѓу  неколкуте специјални  гости на дивата, настапија и двајца Македонци!

Двете млади ѕвезди на „Гранд“, Мартинијан Кириловски и Филип Пецовски, на кои Јелена им беше ментор во текот на последната сезона од регионалното музичко талент шоу натпреварување -„Ѕвездите на Гранд“.

Двајцата Македонци се фотографираа со својата менторка во бекстејџот пред самиот настап, а мора да се признае дека и одлично се носеа на сцената со фолк дивата, која до душа подобро „меша“ отколку што пее, но, тоа е шоубизнисот!

Затоа пак  имаше со што да и ја „падне вилицата“, особено на машката публика, која „со очи го пиеше“ секој нејзин чекор, секое нејзино движење и потег, кои под рефлекторите ги откриваа раскошните телесни квалитети на пејачката! А покрај неа и она што го понудија нејзините танчарки… Кој ти слуша како Карлеуша пее?!

Сепак, слушнете ја и погледнете ги и неа и нашите Македонци заедно со неа на настапот на „Улаз“:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda) on

Фото: Дамир Дервишагиќ/Соња Спасиќ/ Инстаграм видео и принтскрин

To top