Познатиот македонски музичар Кирил Џајковски го претстави својот нов сингл насловен „Music Man“, во кој повторно гостува вокалистот Дејвид Лајон или Лајон Ди, а во официјална дистрибуција ќе се појави на 12 јули, во издание на „Филтер лејбл“.
Станува збор за уште еден потенцијален хит со реге и џангл-влијанија, што дополнително ја вжештува атмосферата на настапите во живо.
Музичарите заедно ќе настапат и на претстојниот „Д фестивал“ кој ќе се одржи во Дојран (12-14 јули), а Џајковски е најавен како главна ѕвезда за првата фестивалска вечер. Покрај Лајон Ди, како специјална гостинка ќе настапи и долгогодишната соработничка на Џајковски, Ти-Кеј Вондер.