Катарина Каја Остојиќ е еден од најзгодните и најсекси пејачи во регионот.
Ова е докажано безброј пати, но кога ќе ја видите нејзината ќерка Николина, ќе останете во дилема: Дали се во прашање мајка и ќерка или две сестри?
Едно е сепак сигурно: Николина Драгојловиќ (17), ќерка на пејачката Каје Остојиќ, убавината, атрактивноста и сексапилот во целост ги наследила од мајка и. Пред неколку години таа со својата атрактивна појава и убавина дури го маѓепсала и синот на Мадона, Роко (18).
Та и рок случајно се сретнале во Вербие, одморалиште во Швајцарските Алпи пред две години.
Каја дојшла во оваа луксузна дестинација во тоа време со својата ќерка и пријателките, а само неколку дена по нив, Мадона дојшла со нејзиниот син Рок, кој светската ѕвезда го доби во бракот со режисерот Гај Ричи.
“Седеа каршија, едни спроти други и тој цело време не го симна погледот од неа. Таа срамежливо се затскриваше зад Каја, за да не им се сретнат погледите.
Набргу потоа, Николина стана и отиде во тоалетот, но Роко ја запре пред вратата и изрази желба да се запознаат.
Николина го поздрави, му подаде рака, се претстави и брзо се врати на масата“ – тврдел еден извор за српските портали.