Радио Милева

Публиката остро ја осуди Клои Кардашијан поради скапиот подарок на ќерката Тру

Публиката остро ја осуди Клои Кардашијан поради скапиот подарок на ќерката Тру

Семејството Кардашијан е едно од најмоќните во светот,  а најмладата Клои Кардашијан не ги штеди своите пари.

Клои Кардашијан сподели видео од нејзината 15 месечна ќерка Тру која е во розов Бентил автомобил.

Меѓутоа, оваа објава не им се допадна на нејзините следбеници кои мислаат дека многу пари потрошила за една играчка.

 

View this post on Instagram

 

?I have so much fun with her ?

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on


„Дали знаете како вашите трошоци изгледаат на остатокот на светот?Навистина ја сакав вашата семејна приказна но не можам да гледам како ги трошите парите  на глупи работи. Тажно“.

Овој коментар го виде и Кардашијан, па се се огласи:

„Знаеш дека ова не е вистинскиот Бентил? Тоа е играчка. Нема причина да бидете лути поради една детска играчка. Жал ми е што се чувствуваш така, но се надевам дека имаш убав ден. Фокусирај се на работи кои те прават среќна.  Да, сакам да ја размажам ќерка ми со љубов и материјални работи. Ќе ја учиме да биде одговорна, да ги почитува другите и да сака себе си. Сите ние вредно работиме за да ги трошиме парите како што сакаме. Се надевам дека остатокот од светот го гледа тоа“ вели Клои.

To top