Во саботата заврши реалното шоу Задруга 2, а веќе се зборува за учесниците во „Задруга 3“.
Како што пишуваат српските медиуми, наводно продукцијата преговара во Задруга да влезат Дара Бубамара и Катарина Живковиќ.
Наводно Дара и Каќа имаат посебни барања за да од септември влезат во реалното шоу.
„Ако се договорат со Пинк, Дара ќе биде најголемата ѕвезда во реалното шоу. Таа преговора со продукцијата и бараше на имотот во Шимановци да има апартман бидејќи не сака да ја дели собата со другите учесници“ вели извор и додава дека Дара побарала во „Задруга“ да спие колку сака.
„Таа не може да станува рано бидејќи има потполно друг биоритам. Навикната е да си легнува во зори и да станува доцна. Затоа инсистира камерата да ја сними дури попладне, кога ќе се разбуди насмеана и расположена. Исто така, на фолкерката и е важно за време на учеството во Задруга, да не го распушти телото“ тврди изворот.
Бубамара во апарманот на Шимановци би поминала месец дена, а за тоа ќе биде многу добро наградена.
„Во „Задруга“ ќе остане еден месец бидејќи заработува многу пари на тезгите, но и работи по три дена во неделата. За тие 30 дена во реалното шоу би излегла со 75 000 евра“ вели изворот.
И Катарина Живковиќ која победи во „Фарма 3“, ќе влезе во новата сезона на Задруга.
„Бараше често да ја посетува нејзиниот фризер, како и секогаш да има на располагање миникир, педикир и козметичар. Верува дека лесно може да освои “дупла круна“, но мора уште малку да размисли бидејќи објави нови песни и има многу закажни настапи“ тврди изворот.
Ни една од пејачките не се огласија по повод овие пишувања.