„Официјално Ви го претставуваме нашиот прв проект. Преработката на песната “Ка ми испаднала мома Катина ( Катерина) “ со актерката Јана Стојановска . Потеклото на песната е од воденскиот регион, Егејска Македонија. Се надеваме ќе Ви се допадне и ќе уживате.
Инаку наша цел е негување на македонската чалгаџиска музика, која е заборавена во ова современо општество. Да не дозволиме да се искорени од историјата, бидејки е од голема важност за нас како нација.
Наскоро ке има и нови преработки на песни…“ – со ова обраќање до јавноста македонскиот чалгаџиски состав „Чалгии Мерак“ ја најавуваат својата дејност, како и својот прв видеопроект. Како главен вокал во песната и лик во видеото сае појавува македонската актерка Јана Стојановска, во моментов актуелна не само во Македонија туку и во регионот по улогата на македонската патриотка Јована во мегапопуларната серија „Сенки над Балканот“.
Инаку составот на чалгијата го сочинуваат :
Оливер Настовски – ут
Иван Божиновски – виолина / кемане
Филип Михајловски – канон
Анастасиос Јоану – кларинет
Шериф Мустафа – тарабука
Песната е снимана и миксана од William Leroy , а видеото го снимал и режирал Dimitri Geukenne.
Погледнете го и слушнете како звучат „Чалгии мерак“ и Јана Стојановска заедно во продолжение: