Македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Даринос успеа да остави силен впечаток во музичкото шоу,
Иако не победи, тој со продукцијата потпиша договор односно дека ќе се промовира на телевизијата „Гранд“.
Оваа сезона во музичкото шоу победи Џејла Рамовиќ, а по победата Даринос се огласи на својот „Фесјбук“ истакнувајќи дека на победникот му одржал лекција по пеење.
Едно големо благодарам до сите што гласаа за мене (3900) гласови, со оглед на тоа дека воопшто не се замарав со тоа кој ќе гласа за мене(не креирав штабови за гласање и слично) зашто веќе се знаеше победникот уште не самиот почеток на ова натпреварување за жал, а сите бевме свесни за тоа… На тој „победник“ јас лично му одржав час по пеење така да публицитет и квалитет се две различни работи, но неважно… Јас лично сум презадоволен од освоеното 10-то место, се надевам и вие кои што гласавте за мене од мојот настап вечерта. А тоа што се случува со мене понатака само Бог ќе одлучи, во суштина одлучува за сите нас без разлика колку ние луѓето форсираме некој за било што во животот… А мене ми преостанува да ви пеам на сите и да ја споделувам мојата емоција со вас драги мои. Како и да е, честитки за победникот! – заврши Даринос во своето обраќање до фановите и оние кои во финалето го дадоа својот глас за него, напиша Даринос.
Дарко често е активен на социјалните мрежи, па објавува и фотографии и видеа.
Меѓутоа, Даринос повторно се огласи на социјалните мрежи со статус дека вистината боли.
ПОДОБРО ДА НЕ МЕ САКААТ ПОРАДИ ТОА ШТО СУМ .. ОД КОЛКУ ДА МЕ САКААТ ЗА НЕШТО ШТО НЕ СУМ !!
– кој ме сака ме сака … вистината боли и затоа некои луѓе се лутат и не ме сакаат, а оние што не се плашат од вистината и од критика нема зошто да не ме сакаат, јас само изнесувам свое мислење… подобро од мене да го слушнат од колку да му бидат прекажани и уште илјада пати извртени моите зборови… Добро утро драги мои, напиша Даринос на социјалните мрежи.
Откако во коментарите го прашаа дали овој статус е посветен на Џејла, Дарко одговори дека не, туку се однесува општо на сите луѓе.
На кого го посветил Дарко овој статус не знаеме, но останува да видиме што подготвува следно по финалето на „Ѕвездите на Гранд“.