Македонската актерка Јана Стојановска пред крајот на јуни го кажа судбоносното „да“ и заплива во брчаните води со кошаркарот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ.
Свадбата на Андрија и Јана се одржа во еден ресторан во Белград, а младиот пар сега ужива во првите месеци од заедничкиот живот.
Тие за три месеци ќе станат и родители на нивното прво дете, за кое велат дека е машко. Додека да се реазлираат во нивните нови улоги кои носат многу обврски и одговорности парот ужива во заеднички одмор.
Јана деновиве позираше во бикини на плажа и го покажа трудничкото стомаче во шестиот месец од бременоста.
Со градите и трудничкото стомаче во прв план, Јана позираше на плажа, а под објавата се нижеа само позитивни коментари.
Актерката ги полни батериите пред да се реализира во една од најважните улоги, односно пред да стане мајка.
Јана и Андрија се запознале во Скопје, кога српскиот кошаркар пристигна во таборот на македонскиот шампион МЗТ пред две сезони.