Малото девојче кое го најмногу паметиме како претставничка на детската Евровизија, Ања Ветерова, годинава го прослави својот 18-ти роденден и стана полнолетна млада дама.
Летово бомбардираше со провокативни фотографии кои се почесто ги полнеа домашните медиуми, а потоа направи бум и на музички план со објавувањето на хитовската „Рам бам бам“.
Како и секоја госпоѓица, така и Ања ужива во разубавувањето, особено за викенд во салон за убавина. Па така, таа се упати во центарот кој редовно го посетува ТВ водителката Елена Стефановска, па ја прозва на Инстаграм „Спиеш ли мирно Елена живот со стил“, напиша младата пејачка во описот на фотографијата каде позира во огледало.
Дали ова со ова на некој начин сакаше да и даде до знаење дека е подготвена за во емисијата или пак дека се наоѓа на провереното место, најдобро знаат самите.