Сопругата на Огњен Амиџиќ, манекенката Даниела Димитровска, вчера доживеа полесна сообраќајна несреќа на автопатот во Белград.
По несреќата во медиумите се појавија шпекулации дека Даниела итно е пренесена во болница.
По тој повод се огласи и Даниела и откри како се чувствува.
„Ви благодарам на сите кои се грижите. Се е во најдобар ред. Што се однесува до посетата на доктор, станува збор за стандарна процедура за такви ситуации“ вели Даниела.