Иако „Задруга 2“ се уште не заврши, на големо се зборува за учесниците во новата сезона на реалното шоу.
Во некои медиуми се појавија вести дека наводно Милица Тодоровиќ преговара за влез во реалното шоу кое е под сопственост на „Пинк“.
Тодоровиќ во изјава за „Телеграф“ истакна дека не се точни пишувањата за влегување во реалното шоу.
„Искрено, не гледам реални шоуа и не би била дел од истото. Никако не се гледам во тоа. Доволно ми е тоа што сум јавна личност и што сум под будното око на јавноста“ вели Милица за „Телеграф“.