Реалното шоу „Задруга 2“ привршува… Се ближи неговиот крај, па за да не биде фатена на кондиција, српската старлета Станија максимално ги одржува и фигурата и телото и духот со практикување јога!
Духовен мир и разгибано тело… е мотот на старлетата, која може да изведе неверојатни нешта. Незамисливи пози, кои тешко би ги извеле и двојно помлади од неа.
Стој на глава, па свиткани нозе во колена, стомачни со скрстени нозе, па раширени нозе како да ќе прави мост…
Секоја поза поразлична, поинаква од другата.
Една наменска, друга повеќенаменска, употреблива во разни ситуации… Ама во секој случај корисни!
Станија покажа како телото може да се разгиба на повеќе начини, ама духот…? За духот е познато. Во здраво тело влегува и здрав дух… Ама на Станија тоа како да не и доволно!
Како да не и е доста една нирвана, па затоа на крајот од нејзината дневна јога кура, сврте на уште една тура.
Само што овој пат, здравото вито тело на старлетата освен здравиот дух, беше подготвено да прими и здрав… љубовен пакет емоции!