Тамара Грујиќ, водителката на емисијата „Работна акција“, усреќи многу луѓе ширум Србија чии домови биле во лоша состојба.
Сега таа гради поинаков вид дом со својот сопруг, затоа што го очекуваат првото дете. Како што тврдат луѓето блиски на водителката, Тамара е во петтиот месец од бременоста.
Таа не сакала за медиуми да зборува за ова, но изјавила: „Буквално ја доживеав онаа мисла дека вредиш онолку колклу што си во состојба да подариш. Кој еднаш доживее таква среќа до крајот на животот ќе сака да усреќува други луѓе“, рекла Тамара.
42- годишната водителка признава дека имала спонтан абортус на 33 години и дека морала да ја прекине бременоста.
-Не остави голема трага на мене, дури и во тој период мислев дека прерано забременив, бидејќи Вук и јас само што почнавме да живееме заедно, рекла тогаш Тамара.