Овој викенд во Париз се случи долгоочекуваната венчавка на Зое Кравиц и Карл Глусман.
По три годишна врска, парот се заколна на вечна љубов во домот на Лени. Луксузниот дом на Кравиц има осум спални соби и се протега на три ката, париската вила од 18 век се наоѓа во една од најлуксузните населби.
На венчавката присутвувале најблиските роднини и голем број на пријатели од Холвуд, меѓу кои и Никол Кидман.
Освен родителите, таткото Лени Кравиц, мајката Лиса Боне и очувот Џејсон Момое, на венчавката присуствувале и нејзини колешки, меѓу кои и Рис Витерспун.
Младата одбрала несекојдневна венчаница, односно необичен венчален фустан изработен од перли, а под неа носеше бели сатенски куси пантолони- „бициклистички“ и топ.
Двојката тајно се венчала пред еден месец, а се запознале на една забава преку пријатели.