Македонската пејачка Тамара Тодевска по успехот кој го постигна на „Евровизија“ со песната „Proud“, максимално ужива со семејството, а најави дека наскоро подготвува и нешто ново.
Имено, Тодевска кон крајот на годината имаше убав повод за славење, односно на свет го донесе синот Дарен, а Хана доби братче.
Потоа, во мај оваа година ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ односно го освои провото место по гласовите на жирито и седмото место по гласовите на публиката, што е најдобар успех досега.
Меѓутоа, деновиве Тамара имаше уште еден убав повод за славење, односно таа и нејзииот сопруг Александар Димитровски прославија четири години брак.
Имено, Тамара на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свадбата, а во описот напиша: „Среќна годишнина,љубов, четири години“.
Под фотографијата се нижеа честитки, а меѓу нив и од Катарина Ивановска, Дејан Манасков….
Тамара во една прилика изјави дека сопругот и е голема поддршка и дека во се помага.