„Среќна Нова година“ во режија на Бојан Трифуновски е новата претстава на Турскиот театар, која премиерно ќе се изведе вечерва во 20 часот, во Театар Комедија. Претставата е мјузикл- кабаре, работена по мотиви на Данил Хармс и Дејвид Ајвс, и драматизација на Трифуновски.
Претставата е лабораторија за уметник кој истражува, зошто светот сака да се самоуништува, создавајќи ментален простор во кој слободно размислува и твори. Ги опфаќа сите дежурни виновници за распадот на цивилизацијата. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во евтин зајачки костум- вели режисерот Бојан Трифуновски, кој првпат работи со Турскиот театар.
В.д. директорот Наџи Шабан ги соопшти реализираните проекти на театарот во изминатите месеци.
Уметникот во менталниот простор, во 5 до 12, создава новогодишна масонска забава, со 10 масони кои преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и самосоочување- рече режисерот и драматург Трифуновски.
извор:mrt.com.mk