Турскиот актер Озџан Дениз неодамна се отсели од семејниот дом, а причината за тоа беше неговата втора сопруга, која како што пишуваа турските медиуми, премногу трошела пари.
Сепак, Озџан потоа се огласи на својот профил на Инстграм и покажа дека повторно е во љубов со 20 години помладата манекенка Фејза Актан.
-Дали е се доволно јасно?! – напиша тогаш актерот за фотографијата на која се заедно со неговата сопруга.
Но, сепак деновиве во турските медиуми с епојави веста дека Озџан и Дениз сепак ставиле крај на бракот.
Имено, новинарите сега дошле до доказ дека бракоразводната парница е започната, а иако се шпекулираше дека проблемот меѓу нив е тоа што младата сопруга трошела многу пари, на крај излезе дека тој се допишувал со други жени.
Озџан во бракот со младата манекенка доби син, но по 15 месеци, заедницата се распадна.