Во Македонија, Сергеј Варошлија, во Србија, Саша Видиќ се модни критичари кај кои многу јавни личности знаат да се најдат на мета.
Без влакна на јазикот и со свој стил, тие знаат да критикуваат, пофалат или да дадат некој стручен моден совет.
Така пред некој ден некои македонски јавни личности се најдоа на мета кај српскиот дизајнер Саша Видиќ кој не се штедеше да го каже своето мислење за нашите јавни дами.
Меѓу нив се најде и македонската водителката Марјана Станојковска.
Во емисијата на „Бекстејџ“, Видиќ имаше само пофални зборови за нашата водителка, а како оценка за нејзините модни комбинации и даде чиста десетка.
„Чиста десетка, ти благодарам што ја носиш модата како што треба“ изјави Видиќ.
Mарјана го виде овој коментар на еден од најпознатите дизајнери, па не издржа јавно да му се заблагодари.
Имено, Станојковска на својот Инстаграм профил во кратките приказни напиша:
„Ви благодарам на убавите зборови“ беше кратка и јасна.
Станојковска важи за една од најзгодните водителки кај нас, па не е чудно што добива позитивни коментари за својот изглед.
Дали некој од друг јавните личности ќе се најде на мета кај Видиќ останува да видиме.