Мегафон

Македонската филхармонија со концерт на отворено: „Љубов и револуција“

Македонската филхармонија со концерт на отворено: „Љубов и револуција“

На 29 јуни, со почеток во 21 часот, Оркестарот на Македонската филхармонија со концерт на отворено, во градскиот парк во Скопје: Љубов и револуција“!
Хор: „ПроАрс“ (Диригент: Сашо Татарчевски)
Бенд: Александар Поп Христов – гитара; Зоран Костадиновски – гитара; Иван Бејков – бас; Гоце Стевковски – тапани; Маријана Николовска – пијано
Аранжмани/диригирање: Џијан Емин

Популарни теми од сферата на поп-рок и панк-музиката: „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс“, „Пинк Флојд“, Дејвид Боуви, „Рамштајн“…

Концертот е во соработка со Град Скопје и Младинскиот културен центар.

To top