Радио Милева

Причината е јасна: Зошто Меган Маркл ги крши правилата, а Кејт Мидлтон мора да ги почитува?

Причината е јасна: Зошто Меган Маркл ги крши правилата, а Кејт Мидлтон мора да ги почитува?

Многумина тврдат дека ривалството кон војвотката е очигледно, но она што е јасно е дека уште од времето кога влезе во кралското семејство, Меган Маркл прекрши голем број на правила.

Кралското семејство диктира правилата на минималистичка облека и накит, а Меган неодамна се прошета со храбар црвен кармин, и со насмевка на лицето позираше пред папараците.

Многумина беа изненадени од тоа, а коментарите се нижеа и луѓето се праша како тоа Кејт строго ги почитува сите правила, за Меган е дозволен по некој излет.

фото:профимедиа

Сепак, како што известува „Поп шугар“, поради големите разлики во улогите меѓу Кејт и Меган, некои правила не важат и за двете.

Имено, ако принцот Вилијам стане крал, а Кејт кралица, нејзината улога во Обединетото Кралство ќе стане исклучително важна, а поголема одговорност носи и построги правила кога станува збор за изгледот.

Од друга страна, постои мала шанса дека принцот Хари ќе стане крал, и Меган кралица поради сите оние кои имаат право на титулата пред него. Со тоа улогата на Меган во кралското семејство автоматски е помала од онаа која што ја има Кејт.

To top