Радио Милева

Водителката чија рака беше откината во сообраќајка се врати пред камерите, а кога во студиото дојде српскиот претседател, таа за малку не заплака (фото)

Водителката чија рака беше откината во сообраќајка се врати пред камерите, а кога во студиото дојде српскиот претседател, таа за малку не заплака (фото)

По тешката несреќа која и се случи во февруари годинава, српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се врати на својата работна позиција во утринската програма „Ново утро“.

Деа првин разговараше со својот колега Предраг Сарп, кој веќе пет месеци го чува нејзиното место покрај себе, а потоа препознатливиот водителски тандем го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Претседателот веднаш по влегувањето во студиото ја бакна Деа.

фото:принтскрин/информер.рс

-Кажав на сите дека без камери, онака пријателски, први дојдовте да ме посетите и тоа многу ми значи и закам да ви се заблагодарам јавно, кажа Деа на почетокот од разговорот со Вучиќ кој трипати ја избакна пред влезот од студиото.

Водителката Ѓурѓевиќ за ова гостување беше видно возбудена, но и поради приликата заедно со Сарп да го води интервјуто со претседателот на својата држава.

To top