Радио Милева некрунисана

Кралицата пристигна, а од „кралицата ќе ви падне вилицата“: Марјана, Лила или Љупка? (ФОТО)

Кралицата пристигна, а од „кралицата ќе ви падне вилицата“: Марјана, Лила или Љупка? (ФОТО)

Новиот слоган: „Кралицата пристигна“ ја предводеше новата кампања за најпознатиот домашен бренд за долна облека, костими за капење, ноќници, пижами, чорапи…

Како по правило на рекламните фотографии, билборди, сити лајти, постери… и ТВ спотови и реклами, дел од најпознатите и најпопуиларни Македонки.

Минатата година тоа беше Викторија Лоба, па Марјана Станојковска, Лила Филиповска и сега најновата во јатото на брендот е Љупка Митрова.

Ах да, да не ја заборавиме и Јелена Спенџарска меѓу нив… До душа додека овие рекламираа(т) гаќички, градници, килоти, танга бикини, костими за капење… на „лепа Јела“ и припаднаа пижамите, ама и тоа некој мора! Впрочем, кој е секси е секси и пред спиење! Па, или ти е секси или… ќе заспиеш!

Во меѓувреме, новата колекција и кралицата со неа, пристигнаа. Марјана вешто ја употреби својата моќ на трансформација, па повеќето македонски портали се „излетаа“ да објават дека ја сменила бојата на косата во црна, за веќе следниот ден лото девојката појавувајќи се како водителка на еден друг ивент, да им покаже дека само ја смени периката, ама… Кому да кажеш?

Нејсе, покрај периката нејзе и припадна честа на главата да ја носи и круната. Барем за промоцијата на колекцијата.

Во меѓувреме Лила замина дури на Халкидики за да направи рекламна фотосесија за новата линија костими за капење…

…А Љупка Митрова јасно и гласно на социјалните мрежи се пофали дека е новата „птичка“ во јатото.

И сите се едногласни дека „кралицата пристигна“… Арно ама која е кралицата? Онаа со круната, најискусната меѓу нив или најновата која како и секој новајлија, ќе претендира да го преземе приматот?

Или поконкретно кажано: Марјана, Лила или Љупка?  Едно е сигурно: Која и да го облече на себе она што го нуди premium luxury брендот, ем ќе го запази трендот, ем од „кралицата ќе ви падне вилицата“!

При тоа не мислевме на пижамите… Жешко е, во нив сега не се спие!

 

 

To top