Дарко Коцевски-Даринос е еден од македонските финалисти во „Ѕвездите на Гранд“, кој со својот талент и брилијантен вокал ги освои симпатиите на членовите на жирито, но и публиката од регионот.
Во четврток многумина ќе навиваат за Дарко и ќе стискаат палци да ја однесе победата, а тој преку социјалните мрежи им порача на сите да гласаат за неговиот последен настап меѓу најдобрите во финалето.
Освен што музичкото шоу за него е на прво место, Даринос наоѓа време и за дружба со една убавица од српска Јагодина, со која објави неколку фотографии.
Убавата и атрактивна Анѓела со продорно сини очи не ретко е во друштво на нашиот Даринос, а тој пак објавите со неа ги опишува само со симбол од срценце.
Тоа беше доволно за да се појават коментари дека се супер пар, но засега ниту тој ниту таа не потврдуваат ништо за тоа каква е нивната релација.
Инаку, Дарко Коцевски од Скопје има 30 години и завршил средно музичко училиште. Вљубеник е во автомобилите, а слободното време сака да го минува со пријателите и да игра видео игри. За себе вели дека е позитивна и ведра личност, која не е доволно „дрска“ за шоу-бизнис. Музички идоли му се Тони Цетински и Саша Ковачевиќ.
фото:фејсбук/принтскрин/даркокоцевски