Балканската фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ во 1991 година го прослави своето полнолетсво со 18-иот роденден, на кој се собраа половина од колегите од тогашната естрада.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/bhjkjh_1000x0.png)
Роденденот на Цеца беше организиран од нејзиниот тогашен менаџер Влада Перовиќ во ресторанот „Дорќол“.
Интересно е и тоа, што кралот на народната музика, трагично загинатиот Шабан Шаулиќ, исто така, тогаш се појавил на роденденот на Цеца.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/hbkg_1000x0.png)
Цеца објави некои од овие кадри во нејзиното видео за песната „Еј врсници“.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/gfjfgjg_1000x0.png)
Иако беше на почетокот на својата кариера, нејзините колеги го препознаа потенцијалот на идната фолк дива, па на оваа прослава на нејзиниот 18-ти роденден присуствуваа дури и тогашните мегавеличини на народната музика како што се споменатиот Шабан Шаулиќ, Зорица Брунцлик, Вера Матовиќ, Бранка Соврлиќ и многу други кои беа повикани како гости.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/hbkhg_1000x0.png)