Во сите регионални музички и талент шоуа во регионот, домонираат Македонците, независно дали како учесници, членови на жири или гости.
Имено, во најновото издание на „Никогаш не е доцна“, наши имаше и на сцена, но и во жири.
Па така, уште еднаш со својот беспрекорен вокал, на сцената воодушеви струмичанката Ленче Кукиќ со песната „Париски локал“, а пак во жирито беа сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска.
Тие за сите учесници имаа само пофални коментари, но кога дојде ред да пее Ленче, емоциите ги надвладаа и двете.
Тамара кажа дека се наежила додека ја слушала Ленче, додека Тијана и порача дека не што е наша, туку „растури“ со својата маестрална изведба.
Откако завршија со ласкавите комплименти за Лечне, сетрите добија предизик од водителката и музичарите, во кој одлично се снајдоа.
Имено, Тијана и Тамара требаше без претходно знаење да почнат да ја пеат песната која ќе ја засвири оркестарот.
Изборот падна на „Џипси сонг“ на Влатко Стефановски и народната „ „Бело лице љубам јас“.
Публиката стана на нозе и заигра, а Тамара и Тијана без сомжен си поминаа одлчно:
Нивниот настап можете да го погледнете на: 52:53
фото:принтскрин/јутјуб/никогаш не е доцна