Радио Милева секси селфи

Кога Накова се слика, секогаш нешто ѕирка (ФОТО)

Кога Накова се слика, секогаш нешто ѕирка (ФОТО)

Александра Накова е несомнено една од најзгодните девојки, едно од најубавите јавни лица во земјава. Мачка ипол кога е на вжештениот скопски асфалт…

…Риба ипол крај базенот…

…Раскошна сирена крај морскиот брег.

Арно ама, гевгелиската убавица има чудна навика. Најчесто сака да се фотографира во затворен простор. Особено е мераклика на селфи… од тоалетот.

А кога Накова се слика, постојано нешто ѕирка. Како на пример, минатиот пат кога  на нејзиното тоалетно селфи од стројната извајана фигура, во  позадина ѕиркаше машка нога во фармерки и патики.

Овој пат Накова е сама во тоалетот. Содветно наместена и уште посоодветно облечена за почеток на летните жештини. Модерни црни бермуди, куса ленена кошула со огромно деколте, од која и под која, повторно нешто ѕирка.

Едната од двете истурени „силиконски убавици“ на гевгелиската убавица, блеска под светлото на блицот како лубеница на полна месечина, додека другата срамежливо се крие под ленената кошула, под која се насетува подизлезената брадавица од коресет – градникот на Александра.

До душа за да ја забележите треба убаво да се фокусирате на посочените бујни телесни атрибути на убавицата и секако, покрај острото око да ја вклучите по малку и фантазијата…

Дури тогаш навистина можете да забележите дека секогаш кога Накова се слика, нешто ѕирка!

To top