Откако тукушто излезе трудна од конкурентското ријалити „Парови“, Миљана Кулиќ самата побара да влезе во „Задруга“. Образложението и е дека и требаат пари за да го подигне детето кое го доби од „љубовта“ во „Парови“ со Иван Маринковиќ – бившиот сопруг на поп пејачката Гоца Тржан!
Миљана вели дека е принудена на ваков чекор, да влета од шоу во шоу пред камери со труднички стомак, зашто нема поддршка за детето ниту од неговиот татко, ниту од своите родители.
„Иван не знаеше да биде добар татко ни на својата ќерка која ја има со Гоца Тржан, а камо ли на ова дете кое не го сака“ – вели трудната Миљана, надевајќи се дека продукцијата ќе и овозможи влез во „Задруга“ за да работи пари за издршка на бебето, тврдејќи дека нејзиниот гинеколог веќе и го одобрил тоа.
„Гинекологот ми рече дека се’ е ОК и дека учеството во реалното шоу не може да и наштети на бременоста“ – тврди Кулиќ. Останува продукцијата која го има последниот збор, да го каже своето дали ќе го одобри овој ријалити „трансфер“.