Таа со Душко и Јелена проживеала се’ и сешто и минала низ разни сиуации. Доживувала навреди и понижувања, но и покрај тоа што и обата сопружници кон неа се однесувале несоодветно, таа никогаш не сакала да се меша во нивниот турбулентен брачен живот.
„Не ја интересираше дали Јелена носеше дома љубовник или нејзин пријател. За неа беше најважно да се грижи за децата, а не со кого и кога нејзината газдарица се гледа. Сепак, Душко истражуваше и сфати дека таа знаела кога Огњен Врањеш кришум доаѓал во неговата куќа и затоа одлучи да ја отпушти. Јелена не можеше ништо да му каже и само одмавна со главата кога Душко и го соопшти тоа. Изгледа дека одлучил отсега па натаму сè да е под негова контрола“, заклучува соговорник за српски Курир близок до семејството.