Остануваат уште две емисии до крајот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ , односно полуфиналната и финалната вечер.
Во саботата се одржа четврт финале во кое настапуваа македонските кандидати кои поминаа директно во полуфинале.
Меѓу нив беа Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски и Дарко Даринос.
Во последната емисија на „Ѕвезде Гранда Специјал“ гости беа членови на жирито на музичкото шоу кои се потсетуваа на настапите на кандидати и ги коментираа и нивните настапи.
Марија Шерифовиќ која е ментор на Огнен Здравкоски јавно го прозва и пофали истакнувајќи дека според неа тој е најдобар нејзин кандидат.
„Од моите машки кандидати Огнен најмногу ми се допаѓа. Може се и сешто да пее, широк му е опусот. Неговата боја на гласот ми е далеку, далеку, далеку најдобра“ истакна Марија.
Огнен во една емисија истакна дека во финалето втората песна која ќе ја пее ќе биде „Гори ватра“ од Здравко Чолиќ и дека ќе има посебна сценографија.
За потсетување, оваа година во финалето наместо 12 кандидати ќе има 16, а ќе се гласа исто како на „Евровизија“.
Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ е закажано за 20 јуни.