Пејачката Гога Секулиќ е тема во регионалните медиуми по информациите дека нејзиниот сопруг Урош Домановиќ ненадејно го напуштил станот во белград и ја оставил нејзе и синот во Србија. Веднаш потоа, Гога го одследи Урош на Инстаграм. Таа во емисијата „Премиера Викенд специјал“ се огласи по повод приказната:
-Вистина е, го одследив Урош од Инстаграм и тоа се некои мои лични причини. Не знам дали и тој го направил тоа, вели Гога и додава:
-Неговата кариера е во Цирих, поточно во Европа и Америка, а мојата е врзана за Белград. Нормално е дека мајката и бебето ќе бидат заедно. Кој што зборува, нека зборува и мисли… Немам во план да се разведам, а останатото не сакам да го коментирам. Можеби го отследив за да видам како изгледа кога жената не го прави тоа, вели Гога и ги остави сите во бунило.
-Можам само да кажам дека уживам со своето бебе. Секако дека се слушаме, но нема да ги откривам причините за било шот, вели пејачката.