Популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ откри многу таленти, меѓутоа иако на некои од нив им предвидуваа голема кариера, тие не постигнаа успех каков што се очекуваше од нив.
Иако Бане Мојиќевиќ ги освои женските срца, најмногу внимание во првата сезона предизвикаа Тања Савиќ и Славица Чуктераш кои се дружеа се додека Тања наводно не ја обвини Славица дека го завела нејзиното тогашно момче.
Тоа прекинато пријателство и денес е тема во Србија, додека Бане не оствари успех кој му го предвидуваа во 2004 година.
Кога победи Душан Свилар многумина го сметаа на наследникот на Здравко Чолиќ. Пејачот не се прилагоди на музичкиот пазар, ниту пак преку скандали да гради кариера. За разлика од него, Рада Манојловиќ беше во фокусот на јавноста поради врската со Милан Станковиќ.
Иако Ибро Бублин покажа одличен вокален потенцијал, изгледа дека славата му ја украде Александра Младеновиќ, како поради емотивната врска, така и со духовитите изјави во јавност.
Дарко Мартиновиќ одлучи да не се експонира во медиумите, а бидејќи е слаб со видот многумина сметаа дека тоа е пречка да се натпреварува со Милица павловиќ и Адреа чекиќ кои успеаја да изградат кариера. Сепак, на крај излегува заклучокот дека не само моќниот вокал е пресуден за успех, туку току она што го вели карлеуша како член на жирито –дека треба да ја носат ѕвездата во себе, а пеењето е само сегмент за да се постигне успех.
фото:принтскрин/јутјуб/рас србија/инстаграм