Радио Милева

Бијонсе не можеше да ја сокрие љубомората кон сопругот, па пред камери направи нешто неочекувано (видео)

Бијонсе не можеше да ја сокрие љубомората кон сопругот, па пред камери направи нешто неочекувано (видео)

Светски популарната пејачка Бијонсе (37) и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи (49) уживаа во првиот ред од кошаркарскиот натпревар во друштво на сопственикот на НБА Голден Стејт Вориоса, Џо Лејкоб и неговата сопруга Никол Кјуран.

Снимката од натпреварот е апсолутен хит на социјалните мрежи и покрена лавина коментари дека Бијонсе е многу љубоморна.

Додека Џеј Зи и Никол разговараат, Бијонсе седи меѓу нив, а на нејзиниот израз на лицето јасно се гледа дека пејачката ни малку не и годи што нејзиниот сопруг разговара со друга жена.

Никол во еден момент се доближи до Џеј Зи за да му каже нешто, а Бијонсе видно се изнервира додека чекаше да заврши разговорот. Тогаш пејачката направи нешто неочекувано. Кога девојката се потргна, Бијонсе благо ја турна кон местото каде седи, очиглено за да престане да комуницира со нејзиниот сопруг.

Потсетуваме, кон крајот на 2017 година, Џеј Зи призна дека ја изневерил Бијонсе. Двојката имаше сериозна брачна криза, а за неговото неверство и двајцата проговорија во своите песни.

To top