„Јака е жена ти“ е новата песна на бугарските пејачки Лорена и Алисија кои ги здружија силите во новата песна.
Има толку заразен рефрен, што е јасно дека за кус период ќе стане вистински летен хит.
За да биде уше поинтересно, нејзин автор е Македонец. Имено, песната и аранжманот за неа ги напишал Јорданчо Василковски – Оцко.
Композитор, аранжер и продуцент, косопственик на „Аворд“ продукција некогаш која стоеше зад покојниот Тоше, а сега зад Наум Петрески, момчето кое последниве години живее и работи во Бугарија и ги прави некои од најголемите хитови за дел од најпознатите и најпопуларни музички бугарски ѕвезди.
Двете атрактивни пејачки во видеото го распостилаат сиот свој сексапил, а покрај Лорена и Алисија, истото изобилува со безброј разголени кадри.
Расните танчарки и модели просто се расфрлаат со долгите нозе, разголените гради и газиња…
„Јака е жена ти“ , ама јака е и песната и уште појако видеото кое нуди голотија до „гола кожа“!
Кој се уште не го погледнал, нека нека не губи време, освен ако… „Јака е жена ти“, па ти забранува?