Адријана Алачки вчера имаше убав повод да се собере со своето семејство и да прослави.
Имено, водителката на „Вкусот со традицијата“ како и секоја година на истиот датум, така и оваа година го прослави својот роденден.
Адријана наполни 52 години, а на нејзиниот „Фејсбук“ се нижеа честитки и убави желби од нејзините пријатели.
Со роденденска честитка се пофали и самата Алачки која објави фотографија со ќерката, синот и внуката, а во описот напиша:
„Ме поканија на мојот роденден, моите Граци и Баже, а Јана ме изненади во свој стил со роденденска торта. Колку сум богата и среќна мајка…вреди да се живее…ова е сѐ на светот“, напиша Алачаки на социјалните мрежи.
Во изјава за „Женски магазин“ таа истакна дека поради работните обврски немала време да организирала роденденска забава, но за тоа се погрижиле нејзините деца.
„Вчера бев работно во Охрид. И кога децата ме прашаа што сакам да правиме им реков- ништо, нема шанса, во хаос сум. Син ми Благоја и ќерката Грациела ми се јавија и ми рекоа: „Во 20 часот роденденска забава . Присуство задолжително“. И кога ќе ги доживееш овие работи ќе сфатиш колку си богат човек. Децата и внуката Јана ме враќаат во живот. Тие се мојата највредна инвестиција“, ни изјави Алачки.
Алачки истакна дека е горда на своите години
„Со гордост ги носам годините, искуството и зрелоста. Можам да кажам дека ова е најубаво време за мене. Сѐ што си посеал, сега собираш“ вели водителката за Женски магазин.