Промотер

Таско се пожали дека она го вози ко – „Дукати“ (ВИДЕО)

Таско се пожали дека она го вози ко – „Дукати“ (ВИДЕО)

По соработката со „1/2 бон“ од дуото „Два бона“  („Вендета“) и дуетот со Слаткаристика („Марадона“), Таско – еден од највредните музички творци од екипата „Урбан рекордс“, ви го претставува новиот материјал, преточен во новата песна  насловена „Ducati“.

Станува збор за авторско дело на самиот Христијан Тасковски, чиј потпис стои на музиката и на стиховите, а аранжманот, миксот и мастерингот се вообичаено на Иван Јованов – Ивајо.

Видеото е дело на видеопродукцијата „Божје око“ (GodEye Production).

„Очи светат дијаманти, тело црно – Мазерати, она скапа – Емирати, а ме вози ко Дукати“, пее Таско во новата песна, која за да дознаете како звучи и изгледа, проследето го видеото во продолжение.

To top