Пејачката Гоца тржан гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, а во текот на играта „Одговарај или…“, раскажа како поминал нејзиниот прв интимен однос со сопругот Рашо Новаковиќ.
-Го возев два месеци. Тој се заинаети дека може да влета „клизечки“. И кога јас бев во фазон да ги „набилдам“ хормоните, бидејќи бев во очајна психо-физичка состојба, тој дојде – почна да раскажува Гоца, а потоа низ смеа додава:
-Тој дојде со избричени нозе, маченик!
-Слушна дека имам фетиш, а не знаеше дека не треба да ги бричи нозете, туку да ги скрати влакната со машинка. Соседот не му позајмил, па го земал бричот и се избричил. Дојде кај мене воспален! Тој наш прв ин тимен однос беше нешто најсмешно што сум го доживеала во животот. Не во смисла најлош, туку се смеевме. Во наплив на страсти кажа: „Чекај малку, застани! Многу ме чеша!“ и почна да се чеша.
-Беше толку искрен во таа своја лудост, па ете осум години тоа трае! Љубовта боли… и чеша! – заклучува Гоца низ насмевка.