Неда Украден овој викенд го прослави златниот јубилеј во Сараево, каде што пред 50 години матурираше во сараевската трета гимназија.
Со својата генерација ја прослави петтата деценија од зрелоста, иако по нејзиниот изглед не може да се заклучи дека минале 50 години откако таа ја напуштила средншколската клупа.
“Мој животе, ех да си гитара, па нашата приказна, да ја свириш ти“ … мојата генерација, IV4, Трета гимназија во Сараево, го слави златниот јубилеј. Сите дипломиле, останале прекрасни, нормални, семејни, драги луѓе. Дојдоа од Норвешка, Белгија, Белград, Јагодина, Пазова, Суботица, Ровињ, Сараево … Беше тоа едно прекрасно време … “, пишува пејачката.
„Збогум, Сараево, воздра раја! Незаборавни моменти од златната средба и средба со драги пријатели од IV4, Трета гимназија, меѓу кои се случија и кумства. Засекогаш во моето сеќавање ќе остане оваа ноќ, 1-ви јуни во прекрасниот ресторан, како и Башчаршија , Вилсоновото шеталиште, Илиџа …
Полно ми е срцето! Благодарам на сите!“ – се зборовите со кои Неда се поздрави со својот град.