Радио Милева

Лепа Брена забележала дека раката и е модра, завршила во болница каде останала неподвижна 12 дена!

Лепа Брена забележала дека раката и е модра, завршила во болница каде останала неподвижна 12 дена!

Фолк ѕвезда Лепа Брена раскажа за здраствениот проблем кој го има, односно  тромбофилија поради која лежеше неподвижна 12 дена, но призна дека  подоцна повторно и било  загрозено здравјето.

Пејачката вели дека го изгубила  воздухот на еден настап, каде што не пиела вода, а потрошила многу енергија. Во еден момент, Брена забележала дека раката е виолетово сина.

-Во ниеден момент не помислив да го прекинам  концертот, го префрлив  микрофонот во левата рака и десната ја врати нормалната боја. Штом се вратив во Белград, отидов на ВМА за преглед на крвните садови каде што заклучивме целосно затнување на вените на десната рака. Бев во терапија, лежев практично неподвижна 12 дена, со рака која стоеше во една позиција.  Ме хранеа и ми даваа вода, а благодарение на големиот  тим од експерти во ВМА, успеав  да добијам 70 проценти подобрување. Тоа беше мојата прва средба со тромбофилија. Бев во шок , рече Лепа Брена во шоуто” На прво место “.

фото:Инстграм/лепабрена

Тромбозата  и се вратила во 2005 година, а Брена вели дека за некои работи самата е виновна.

-Јас зедов прирачник и целосно ја сменив исхраната. Се свртев на исхрана богата со омега три и омега шест, варено месо, без свинско и јагнешко месо, се готви во вода и на пареа, го исфрлив лебот од исхраната, јадам овошје и зеленчук и ми се допаѓа да пијам една или две чаши вино. Целата приказна стана многу умерена, не смеете да се  прејадувате  или да бидете гладни. Сакам да пливам, да пешачам  и да правам јога “, рече Лепа Брена.

To top