Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ вчера го прослави својот 68. роденден. Неговите ќерките Уна и Лара, кои ретко се појавуваат во јавноста, објавија нивна заедничка слика и емотивна роденденска порака.
„Среќен роденден на најдобриот татко на светот. Мојот идол, моето сè. Те сакам најмногу на свет“, напиша постарата ќерка на Здравко Чолиќ.
Оваа порака била изненадување за познатиот пејач, зашто тие ретко кога споделуваат заедничи фотографии и секогаш се повлечени од јавноста, како впрочем и нивната мајка – сопругата на Здравко, Александра, со која е 18 години во брак.
„Здравко често го слави својот роденден далеку од дома, бидејќи работата го носи надвор од Белград, каде што живее, а и често пати надвор од границите на нашата земја. Оваа година, Здравко немал закажано настап на неговиот роденден, па затоа помина прекрасен ден со своите ќерки и со неговата сопруга, кои тој ден се обиделе да нму го направат најубав. Здравко е познат по неговата скромност, иако тој е голема ѕвезда, па затоа не му се допаѓа кога медиумите известуваат за неговите прослави, ниту пак неговиот прави спектакл од тоа. Роденденот не се разликува многу од неговиот секојдневен живот, но овој ден не поминува без торта и желби. Скромниот Чола само посакал здравје и благосостојбата на семејството, бидејќи, како што сите знаат, тој речиси доживеа и си приушти се’ во својот живот“ – изјавил близок пријател на семејството Чолиќ.