Во Првиот основен суд, денес во 13 часот требаше по трети пат да биде одржен обид за помирување меѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш.
Меѓутоа, пејачката ни овој пат не се појави на рочиштето. Врањеш во судот се појавил во 12 и 45 минути во придружба на адвокати, а пред судницата бил многу расположен.
На прашањето дали ќе се појави Јелена, тој одговорил:
„Не знам, прашајте ја неа“.
За потсетување, аферата Карлеуша – Врањеш започна пред неколку месеци кога во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката кои наводно ги праќала на фудбалерот.
Следното рочиште е закажано за 4 јули кога ќе се случи главниот претрес. Како што истакнаа адвокатите на босанскиот фудбалер следната покана за судењто на Јелена ќе и биде доставена од полиција, а таа тогаш ќе мора да се појави.