Радио Милева

Сѐ уште се во брак? Адвокатот откри тајна за разводот на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ

Сѐ уште се во брак? Адвокатот откри тајна за разводот на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ

Пејачот Дарко Лазиќ неодамна соопшти дека се развел од пејачката Ана Севиќ, но сепак изгледа тоа не е така.

Како што пренесува „Ало“,  Дарко и Ана ги потпишале документите за развод, но судскиот процес околу разводот не е готов.

„Формално – правно тие се уште не се разведени и се во брак. Ана и Дарко  потпишаа договор каде што е договрено, но рочиштето за развод е закажано за јуни. Значи се уште нема пресуда?“ вели Миша Петровски, адвокатот на Ана.

По тој повод се огласи Дарко Лазиќ и истакна дека Ана нема адвокат, тука адвокатка.

„Ана нема адвокат, туку адвокатка, и да има адвокат, на него што му е гајле дали сме разведени или не? Што се однесува до мене, разведени сме“ изјави Лазиќ.

To top