Конкуренцијата во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ е голема, а има и многу кандидати од Македонија.
Кандидатката Милена Ѓукиќ го измамила директорот на продукцијата за своите години.
Имено, Милена сакала да се натпреварува во музичкото шоу, па ја измамила продукцијата дека има повеќе години за да може да учествува во шоуто.
Нејзиниот ментор Јелена Карлеуша мисли дека таа е една од најдобрите кандидати.
Милена го измамила Саша дека има 16 години бидејќи тоа е старосната граница кога кандидатите може да се пријават.
Нејзините родители потврдија дека излажале за годините.
„Е, добро, на почетокот малку лажевме колку години има и чичко Саша поверува дека има 16 години“ изјави Војо.