Промотер

На Слаткаристика и бугарското дуо Скандау им фалат – „Динеро“ (ВИДЕО)

На Слаткаристика и бугарското дуо Скандау им фалат – „Динеро“ (ВИДЕО)

Марко Маринковиќ алиас Слаткаристика има нова песна и одново сороботка со други изведувачи. Овој пат одново во прашање се бугарски иведувачи, па во знак на нашиот „договор за добрососедство и културна соработка“ со источниот сосед, бугарското ар ен би дуо „Скандау“ (Л’чеслав Евтимов и Јонислав Јотов) и Слаткар(истика) заеднички се согласија дека им фалат – „Динеро“, како што носи наслов новата песна на која Бугарите гостуваат.

Музички – ништо епохално, во стариот познат манир на „Слаткар“ кој на себесвојствен начин во своите луцидни стихови ја опишува македонската реалност на обичниот човек.

Автор на музиката е самиот тој, во пишувањето на телкстот партиципирале и членовите на бугарското дуо,  додека аранжманот, миксот и мастерингот  ги направил Иван Јованов – Ивајо.

Симпатичното видео го изработила екипата на „God Eye Production“, кадрите од камерата и постпродукцијата ги потпишува Гордан Божиновски, а во спотот како модел се појавува и сексапилната Албанка, Калтрина Криезиу – Балаш, професорка по музика и шминкер.

Како звучи и изгледа македонско-бугарската соработка на Слаткаристика и „Скандау“, проследете подолу:

 

To top