Анастасија Ражнатовиќ организираше прослава за својот 21-ви роденден, а наводно според пишувањата на српските медиуми сакала сама да ги плати трошоците за забавата.
Откако успешно почна да ја гради музичката кариера, Анастасија сакала да биде самостојна во ова, а пак Цеца одлучила да и приреди едно големо изненадување.
Имено, таа од својот пријател златар нарачала уникатна огрлица како подарок за својата наследничка. Во прашање е ѓердан од бело злато со дијамант, чија вредност е до 10 илјади евра.
-Цеца никогаш не се штедеше кога се во прашање нејзините деца. Многу е горда на Анастасија која созреа во сериозна девојка, која умее да се грижи сама за себе, вели извор близок до пејачката.