Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин празниците ги дочекаа во рамките на нивниот меден месец во Канада
Студеното време и ниските температури не ѝ пречат да се прошета и да ги види природни убавини на земјата, па на својот инстаграм-профил Каролина деновиве објавува фотографии и видеа од патувањето.
На секоја од нив таа остава коментари дека ѝ студи и дека е многу поладно отколку што е навистина. Таа објави и слика од замрзнатите водопади на Нијагара, фотографирана во Онтарио, Канада.
„Многу поладно е од што изгледа“, напиша на таа покрај фотографијата на која ѝ се гледаат само очите заради дебелиот шал и капа. На прашањето на еден од своите инстаграм-пријатели за температурата, Каролина напишала дека чувството е како -33 степени. Вистинската температура, во тој момент била само -14 степени.
Целиот источен дел на Америка и Канада се под снежна покривка, а фотографии од замрзнатите Нијагарини водопади беа објавени во светските медиуми уште минатата недела.„Драги пријатели, ви посакувам безгрижни празнични денови и незаборавни моменти со вашите сакани!
Фала ви за сите убави зборови и целата љубов што ми ја дадовте изминативе денови и ви ветувам дека во 2018 ќе се дружиме многу почесто“ – со оваа празнична честитка Каролина ги поздрави своите пријатели преку својот Фејсбук профил, честитајќи им ги празниците од другата страна на Океанот!
Фала ви за сите убави зборови и целата љубов што ми ја дадовте изминативе денови и ви ветувам дека во 2018 ќе се дружиме многу почесто“ – со оваа празнична честитка Каролина ги поздрави своите пријатели преку својот Фејсбук профил, честитајќи им ги празниците од другата страна на Океанот!
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.