Популарната пејачка Гога Секулиќ го крсти својот син Василиј Андреја во манастирот СВ „Василиј Острошки“ во Црна Гора.
На церемонијата присуствувале само Гога, нејзиниот син и сопругот.
„Манастирот Острог за мене е свето место каде што се молев за здравје и го проноаѓав мирот. Поради таа причина, Урош и јас го одбравме ова место и на 27 мај го крстивме нашиот син. Сине, цел живот нека те чува светецот Василиј. Да ни бидеш жив и здрав“ напиша Гога на Инстаграм.
Инаку, по повод крштевката Гога ќе направи и забава во еден белградски ресторан.
За потсетување, Секулиќ се породи на 11 декември претходната година.