Се ближи крајот на новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде настапуваат многу македонски кандидати.
Некои од нив испаднаа уште на почетокот, некои стигнаа до петиот круг, а некои до полуфиналето.
Елена Миленковска која имавме прилика да ја гледаме на сцената на големата продукција, го напушти музичко шоу.
Имено, таа беше под менторство на Ана Бекута, па заедно работеа на нејзиното претставување.
Меѓутоа, конкуренцијата е голема, а Елена пред самиот крај испадна од шоуто.
Оваа не е прва година како Миленковска се пријавува во „Ѕвездите на Гранд“, а сега нејзините следбеници ја прашаа дали повторно ќе се пријави, на што таа одговори:
„Хм….ќе видиме наскоро“, изјави Елена, ставејќи ги во дилема нејзините следбеници.
По нејзините „Инста сториња“ често може да ја видиме во продукцијата и како ги бодри нејзините колеги.
Во „Гранд“ веќе започнаа новите аудиции за сезоната 2019/2020, а дали Миленковска ќе ја гледаме од септември, останува да видиме.